Еве што треба да знаете за омилената фризура на Фатиме Фетаи

Три важни работи што треба да ги земете во предвид пред да одлучите да направите боб фризура

Принтскрин

Во последно време боб фризурите се вистински хит во светот па доколку сакате да пробате една ваква фризура, постојат неколку работи што треба да ги знаете пред да одлучите да ја скратите вашата коса. На ваквиот тренд не остана имуна и нашата специјална обвинителка Фатиме Фетаи која со својот секогаш стокмен изглед го предизвикува вниманието каде и да се појави, а на јавноста посебно и се допаѓа нејзината фризура што ја фура во последно време.

Но и покрај тоа што постојат повеќе варијанти на популарната боб фризура, таа воопшто не е лесна за одржување, и постојат неколку работи што треба добро да ги проверите пред да одлучите да го посетите вашиот фризер.

ADVERTISEMENT

Имено, изгледот на боб фризурата зависи од квалитетот и текстурата на вашата коса, а за да изгледа беспрекорно, потребно е да ги знаете овие неколку работи пред да решите да ја скратите вашата коса.

Фото: Фејсбук/ Премиера на филмот Врба

Важен е обликот на лицето

Боб фризурата генерално одговара на секоја жена без разлика на обликот на лицето, а она по што се разликува е начинот на шишање. Па така со вистинските линии ќе дојдат до израз најистакнатите точки на лицето.

Фото: Инстаграм

Ако сакате акцентот да биде на долниот дел на лицето, тогаш изберете дијагонален начин на шишање (како првата слика со Фатиме), а доколку сакате акцентот да биде на јаболчиците изберете правоаголен облик.

Фото: Инстаграм

Каква текстура имате

Текстурата на косата е еден од најважните фактори кога треба да одлучите каков боб да изберете и дали воопшто треба да го носите. Доколку имате тенко влакно најдобро е да изберете кратка боб фризура бидејќи така визуелно ќе добиете на дополнителен волумен на косата.

За оние што имаат остро и пополно влакно подобар избор им е лоб – фризурата. Таа за одржување е многу полесна отколку боб варијантата, а доколку косата природно ви е виткана тогаш најмногу ќе ви одговара боб кој на темето е пократок, а во предниот дел подолг бидејќи е погоден за стилизирање така што ќе ја виткате косата во локни.

Фото: Фејсбук/ Тања Кокев

Треба редовно да ја одржувате

Но не заборавајте, ако одлучите да направите ваква фризура, треба редовно да ја одржувате, негувате, стилизирате, но и да ја потскратувате, бидејќи со тек на време фризурата ќе го изгуби својот облик. Во пракса тоа знали дека ќе морате да го посетувате вашиот фризер минимум на 5-6 недели.

Фото: Инстаграм

Исто така не треба да заборавите и дека боб фризурите не се лесни за одржување, па така по секое миење на косата ќе изгубите еден час за да ја стилизирате.

Facebook Comments
(Visited 142 times, 1 visits today)
Loading...