Познатата руска манекенка откри што мисли за топлес фотографиите во комерцијални цели.
Ирина Шајк порача дека живееме во доба во која треба да ја изразиме својата сексуалност. „Живееме во 21 век и жените треба да ја изразат својата сексуалност и не треба да се срамат од своето тело. Јас никогаш не се фотографирам топлес. Тоа едноставно е моја одлука“, вели Ирина за „Es“.
Сепак таа не ја отфрли потполно можноста да се фотографира со голи гради. „Ако некој ме праша да одработам работа во која е вклучена голотија, а мене ми се допаѓа проектот, секако дека ќе се согласам. Јас тоа го сметам како уметност“, вели познатата манекенка и додава дека не дозволува на агентите да ги коментираат нејзините килограми.
„Никогаш не дозволувам на модната агенција да ми зборува дека треба да ослабам. Јас секогаш знам која сум. Сметам дека луѓето досега ја почувствувале мојата енергија, можеби затоа што сум Русинка“, истакна таа.