Новости

Не постои грип, но ни диета – популарниот 82 годишен пензионер цел живот има 70 килограми

Advertisement

Хрватскиот дедо стана хит во регионот.

Advertisement
Фото: Јосип Реговиќ, Пиксел

„Не ми е проблем, ова за мене е втора тура на популарност. Првата тура ја доживеав кога бев млад. Тогаш рекламирав костуми, храна, пијалаци… Нема нешто што не сум рекламирал. Не можев да поминам по улица, а да не ме сопрат да поразговараат со мене“ раскажува Таљат Селмани за Индекс.хр, попознат како Дедо Тони, кој во последните седум дена стана вистинска сензација во целиот регион.

Приказната започна со една потполно обична анкета за грипот, и од тогаш не престанува да се шири низ интернет. Неговата манекенска кариера заживеа повторно, а деновиве и брендот Вартекс му понуди соработка.

Advertisement

 

Тој во разговор за хрватскиот портал Индекс изјави дека и сега го сопираат луѓе на улица и дека сакаат да се фотографираат со него.  „Тоа не ми пречи. Нека им е убаво на луѓето. Јас секогаш сакам на луѓето да им е убаво, тогаш и на мене ми е добро“ вели тој за познатиот хрватски портал .

Тој смета дека во животот најважно е дека сте добри со луѓето, здрави и во движење. „Некогаш од реклами убаво се живееше, не е како сега, со по неколку стотини куни, тогаш за два дена можеше да се заработат две илјади марки“, открива овој симпатичен старец кој преку ноќ стана хит.

Не сакам пари од Вартекс

„Од Вартекс не сакам да земам нешто. Јас го почитувам овој господин, бидејќи се обидува да изгради нешто во оваа наша земја. Реков дека ќе му помогнам колку што можам, не ми треба ништо. Сакам на секој да му помогнам. Што и да направите за некој, тоа секогаш се враќа кај вас, и ако правиш зло, ќе ви се врати двојно, запомнете го тоа.“

Фото: Матија Хабљак, Пиксел, Вартекс

Тој меѓу другото зборува и за тоа дека и на домашните компании треба да им се даде можност да постигнат напредок.

„Ние ја имаме најубавата и најбогатата земја на светот. Имаме се што ни треба, шуми, море … Јас сум Албанец, но што ми е гајле за тоа што се случува таму. За мене е важно она што се случува овде, каде што живеам. Татковината е она местото каде што живееш и создаваш“, вели тој.

Маиците со неговото мото се хит на интернет

Дедо Тони зборуваше и за  проблемот со младите што го напуштаат регионот во потрага по подобар живот. „Се им продадовме на Германците, Унгарците. Секако дека младите заминуваат кога тука нема ништо за нив. Не постои работа, како ќе живе. Но проблеми од секогаш постоеле, имаше и јас кога бев млад, но кога човек е здрав, може да направи сé.

За дедо Тони НЕ постои ни диета

Тој за медиумите откри и дека цел живот има 70 килограми, но и дека никогаш не бил на диета ниту пак се воздржувал од јадење благо, а посебно сака баклави.

https://www.youtube.com/watch?v=0KxfSfnkdgo

 

Инаку, дедо Тони по националност е Албанец, а роден е на изворот на Вардар, во Вруток, каде што, како што вели тој самиот, е најчистиот воздух на светот, под прекрасната Шар Планина (!). Во Загреб се преселил по служењето војска, откако се вљубил па решил да и даде шанса на љубовта. Иако, таа не била онаа вистинската, Загреб сепак бил. Се оженил со Нада со која и денес е во среќен брак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button