Еве со кого ужива Тамара Тодевска по разводот од сопругот – сите воодушевени од нејзината неверојатна трансформација
Пејачката ги изненади сите со својот изглед…
Тамара денес изгледа преполовено, а нејзината занесна линија во црниот костим за капење во кој позираше деновиве никого не остава рамнодушен….
Нашата позната пејачка Тамара Тодевска ужива на едно од најубавите и најегзотичнитеместа на светот.
Таа ги спакува куферите и задно со познатите водителки Лила Филиповска и Бесјана Касими, попозната како Биг Мама, замина на Маурициус од каде објави неколку фотографии со кои никого не остави рамнодушен.
Имено, пејачката веќе подолго време сериозно му е посветена на својот изглед и благодарение на редовните тренинзи и избалансираната исхрана до која строго се придржува изгледа подобро од кога било досега.
Тоа впрочем можевме да го видиме и од фотографите на кои позираше во костим за капење со кои покажа дека е во топ форма.
Пејачката денес изгледа преполовено, а нејзината занесна линија во црниот костим за капење никого не остава рамнодушен.
Таа со својот труд и дисциплина успеа да ја донесе линијата до занесно ниво и се почесто можеме да ја видиме во прекрасни изданија на кои изгледа како холивудските диви. Впрочем така беше и со фотографиите од плажа кои пејачката со моќен глас ги објави н Инстаграм и покажа дека е презадоволна од својот изглед и дека одлично се чувствува во своја кожа.
Инаку, Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александар Димитровски -Мачка, наш поранешен кошаркар и репрезентативец.
Веста дека се разделуваат ги изненади нејзините бројни обожаватели, посебно што тие никогаш не оставале впечаток дека имаат проблеми во бракот.
Но по седум години заеднички живот Тамара и Мачка ќе решат да се разведат, а како што самата Тамара откри во една пригода, останале во коректен однос најмногу заради нивните деца, Хана и Дарен.
Сепак бродоломот што таа го доживеа во бракот веќе е далеку зад неа, па таа сега времето го минува со пријателките.
Од фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека е подготвена за новите предизвици, но и дека знае како да го живее животот со полни гради, посебно кога е на едно вакво место.
Погледнете ги и останатите фотографии:
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска