Еве со какви проблеми се соочува Тони од Преспав во приватниот живот – обожавателките се луди по него, но ова ги збунува!
Шестата сезона на хумористичната серија „Преспав“ привлече огромно внимание, а многу од тоа се должи на актерите кои се одлични во нивните улоги.
Еден од нив е и Игор Стојчевски кој го глуми Тони, еден од браќата Бузалевски кој одлично се снајде во својата улога.
Тој во серијата глуми дека е геј и е во врска со готвачот Марио и заедно со Ула важат за еден од помодерните и европски ликови.
После подолго време Игор во интервју за „Репортер“ откри неколку интересни детали за себе.
Игор е актер кој е вработен во Драмски театар, а зад себе има и бројни филмски улоги, но се чини дека ликот на Тони е еден од најуспешните за него.
Тој вели дека воопшто не му пречи да глуми геј, па објасни како е во приватен живот надвор од филмскиот сет.
-Се случува да мислат дека сум геј, иако не сум. Неодамна еден мој пријател разговарал со една девојка, ме спомнале, па таа рекла, ама остај тој е геј, па мојот другар ѝ рекол, ама не, не е, слободно ќе те запознаам“, вели Стојчевски.
Открива дека тој не е единствениот кого луѓето ги поистоветуваат со ликовите од серијалот, па тоа често му се случува и на Коста.
Приватно заедно со Марио се познаваат уште од студентските денови, но вели дека иако се познаваат добро немаат никаков проблем за да се изиграат сцените бидејќи се работи за професионалци.
Инаку бил асистент по сценски движења и танци на ФДУ, а малокумина знаат дека е несуден електротехничар, кој за да не оди во војска, запишал една година на Машински факултет.
За себе вели дека не знае да пее, па затоа таа работа им ја препушта на своите колеги кои се многу поталентирани од него.