Еве од кого шармантната Милена ја наследила својата убавина – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледаат мајката и таткото на водителката

Една од најпопуларните, но и најубавите водителки во земјава покажа од кој ја наследила убавината.

Со нејзиниот глас и лик ни започнува скоро секое утро, а нејзиниот талент и харизма никој не оставаат рамнодушен.

Освен што е посветена на сојата кариера, Милена е доста активна и на социјалните мрежи, каде се труди да оствари контакт и со своите фанови.

Често и на социјалните мрежи, но и во своите интервјуа зборува за својот приватен живот и е една од ретките која отворено и искрено зборува на секоја тема.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

Токму нејзината искреност и скромност ја направија омилена кај публиката.

Народот ја чувствува како блиска и пријателка, и нејзините емисии се најгледани.

Водителката доста обрнува внимание на својот физички изглед. Со манекенската става и убавата насмевка го разубавува утрото на секој што ја гледа на малите екрани.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

Позната е како жена која го сака женствениот, елегантен стил.

Погледнете уште неколку модни изданија на оваа прекрасна млада дама од која дефинитивно можеме многу да научиме.

Таа на социјалните мрежи има објавено неколку фотографии од своето семејство, па нејзините фанови имаа можност да видат од кој Милена ја наследила својата убавина.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

Секогаш кога има некаква причина за славење во нејзиниот дом, таа посветува и емотивни пораки посветени за саканите.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

По повод денот на татковците таа објави фотографија со својот татко.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

„Денеска е ден на татковците. Но, и тие како и мајките заслужуваат љубов и внимание секој ден од годината. Те сакам тато. Среќна сум што те имам.

П.С. Добро е што се сликавме пред коронава па не мораше да носиме маски:))”, напиша Милена во опис на фотографија.

Нејзиното семејство е нејзината најголема поддршка во сѐ. Таа е најсреќна кога е опкружена со најблиските, а доказ за тоа е фотографијата нкоја ја објави по повод роденденот на нејзината мајка.

„ Убав ден е денешниов:) Си славиме. Мамо среќен роденден, да си ни жива и здрава.

Те сакам најмногу”, напиша Милена.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

Брачниот живот на Милена

Инаку, водителката веќе неколку години успешно плови и во брачните води.

Таа и нејзиниот сопруг Гордан се запознале во кафеана, веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата им продолжила на социјалните мрежи. Набрзо после тоа започнале љубовна врска.

Недолго после тоа одлучиле да стапат во брак, па направиле и голема свадба. Пo венчaвкaтa вo Бигoрскиoт мaнaстир парот приреди и веселба за пријателите.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

На нивната свадбена церемонија присуствуваа многу познати личности.

На фотографиите кои тогаш кружеа на социјалните мрежи можевме да видиме дека вoдителкa Милена Антовска изгледаше прекрасно во невестинскиот фустан.

Круна на нивната љубов е нивната ќерка Лана Марија.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

Милена често на социјалните мрежи споделува фотографии од својата наследничка.

Она што најмногу им се допадна на фановите е фотографијата на која се три генерации од семејството, односно малата Лана, мама Милена и мајката на водителката.

„Три генерации… Сакајте ги своите мајки, гушкајте ги, радувајте им се, почитувајте ги, бидете нивната радост, нивната утеха…

Среќен ден на мајките”, стои во опис на фотографијата.

Фото: Фејсбук / Милена Антовска Станковска

Милена во едно свое интервју изјави дека за името Лана се одлучиле веднаш кога дознале дека ќе имаат ќеркичка. Но, откако ќеркичката се родила на големиот христијански празник Голема Богородица, Милена и Гордан одлучиле да го додадат и името Марија.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска Станковска

Често на социјалните мрежи посветува емотивни пораки посветени за неа.

„Ти си дел од мојата душа, моето срце и моето тело. Ти си се’ што можев да посакам и замислам кога станав мајка. Ти си мојата љубов што ја уживам секој ден. Сакам да бидеш сакана и да се чувствуваш слободна, да бидеш се’ што ќе посакаш, а јас ќе бидам твојот столб, твоја поддршка и ќе ти го чувам грбот засекогаш… Мојата Лана Марија“, напиша водителката во опис на фотографијата на која лежи до својата ќерка.

(Visited 330 times, 1 visits today)