Еве кој е таткото на Шакира – зборуваат дека е од Македонија, но што е вистината? И зошто токму сега реши да го покаже?

Шакира направи вистинска драма на социјалните мрежи откако објави фотографија од нејзиниот татко Вилијам, па му го честиташе Денот на татковците.

Фото: Инстаграм/ Шакира

Познатата светска пејачка откако на своите синови им го даде имињата Милан и Саша, многумина се посомневаа дека тоа има некаква врска со нашите простори.

Имено, постојат нагодувања дека еден од предците на Вилијам е од Македонија, па ова само ги подгреа овие гласини.

Но едно е сигурно – таткото на познатата колумбиска убавица е роден во Либан и по вероисповед е католик. Но и тука постои нешто интересно поврзано со неговото минато – наводно, Вилијам пораснал во градот Зале во Либан, каде добар дел од луѓето се Грци и православни од Сирија, па наводно од тука и врската измеѓу имињата Милан и Саша и семејството на Шакира, пренесуваат странските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Шакира

Инаку, шпекулациите за потеклото на Шакира започнаа и кај нас кога пејачката на своите деца им ги даде овие имиња.

Имено, кога славниот пар Шакира и нејзиниот сопруг фудбалерот Жерар Пике се одлучиле на нивниот прв син да му го дадат името Милан привлекоа големо внимание кај медиумите. Тие на второто дете му го дадоа името Сашо и ова дополнително предизвика многумина да се интересираат за нејзиното потекло. Уште тогаш медиумите почнаа со шпекулации зошто родителите се одлучиле да им дадат на децата такви имиња од православната вера.

Фото: Инстаграм/ Шакира

И светски познати Интернет портали објаснуваат дека таткото на Шакира, Вилијам Мебарак Чадид, кој е роден во Либанон и по вероисповед е католик, всушност е потомок на некој православен Македонец.

Профимедија

Додека другите портали тврдат дека таткото на Шакира живеел во некоја зграда со православни Грци и Сиријци и дека тие имале големо влијание врз него.

Фото: Инстаграм/ Шакира

Но оваа вторава теорија е малце поневеројатна бидејќи нити Грците ниту Сиријците немаат име Милан и Сашо.

Фото: Инстаграм/ Шакира

Во секој случај интересно е тоа што Шакира и Пике на своите деца им дадоа православни имиња, како и фактот дека и голем број странски медиуми се сомневаат дека познатата пејачка би можела да има македонско потекло, односно дека нејзиниот татко Вилијам по потекло е Македонец.

Семејството на Шакира се уште се нема огласено во врска со ова, но и ги нема демантирано овие информации.

Фото: Инстаграм/ Шакира
Фото: Инстаграм/ Шакира

.

Facebook Comments
(Visited 2.293 times, 3 visits today)