Еве која е жената што наводно се гледа со Душко Тошиќ – се огласи и КАРЛЕУША кога дозна за аферата на својот сопруг

Брачниот живот на Карлеуша повторно во центарот на вниманието, но овој пат нејзиниот сопруг е во главнта улога
Фудбалерот Душко Тошиќ и блогерката и дизајнерката на костими за капење и поранешна жена на пејачот Предраг Јовановиќ Близанац, Ана Јовановиќ, наводно биле видени во Дубаи како разменуваат нежност.
Како што објави српскиот Телеграф, законскиот сопруг на Јелена Карлеуша и поранешната жена на Пеџа Јовановиќ Близнак веќе неколку месеци уживаат во страсна врска, а во последно време емотивниот однос и не го кријат од јавноста како на почетокот. Оние што ги познаваат, наводно тврдат дека нивната врска започнала преку социјалните мрежи.
Тие наводно се запознале преку Инстаграм. Тој и испратил порака во Инбокс и таа му одговорила. Почнале да се допишуваат уште додека бил во Кина, а кога се вратил во Белград и кога се виделе наводно веднаш започнале емотивна врска, пишува српските медиуми од информации добиени од извор близок до Душко и Ана. Но бидејќи Душко се уште е законски сопруг на Карлеуша, тие ја кријат врската, а како минувало времето тоа за нив било се потешко.
На една прослава, тие биле заедно, а таа му седела во крилото, а гласините дека се заедно веднаш почнале да се шират.
Но и покај гласините, тие не се предомислиле, па заедно со децата кои ги земале како алиби, заминале на романтично патување во Дубаи.
Овие информации денес испловија во медиумите, а откако Ана ги демантираше гласините, се огласи и Карлеуша.
„Почитувани припадници на седмата сила, би ве замолила во мое лично име, но и во името на сите останати актери во оваа конструирана афера да престанете со објавување на лажни информации бидејќи на овој начин нанесувате голема штета на двете семејства, пред се’ на нашите деца“, напиша најпрво Ана на Инстаграм, а потоа популарната пејачка Јелена Карлеуша кратко се надоврза на нејзината порака.
Драга Ана, нив треба само да ги жали.. бидејќи животот о толкава омраза и зло не е живот, порача таа.

Која е Ана?
Блогерката и дизајнерката Ана беше во брак со Пеџа Јовановиќ Близанац, но тие минатата година решија да се разделат. Од бракот има три деца – двајца синови и ќерка. Таа му беше голема потпора на пејачот за време на неговата кариера, но во јавност не се експонираа претерано заедно.

Како што наведуваат изгорите, Ана и Душко биле сместени во истиот хотел „Џумејра бич“ и секоја вечер ја минувале заедно.

Наводно дури и нивните соби биле на истиот кат, а се гледале во ноќните барови каде разменувал нежности.

Тие и двајцата на Инстаграм н ист ден објавија фотографии со речиси потполно идентична позадина.

Карлеуша остана во Белград додека нејзиниот сопруг беше во Дубаи, а при едно гостување познатата пејачка во медиумите изјави дека се’ е во ред со нејзиниот брак.
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ