Еве која водителка ќе ја гледаме во „Брза кујна“- Марк и Никола имаат нова згодна колешка

Љубителите на кулинарското шоу „Брза кујна“ која се емитува на ТВ Сител ќе имаат повторно можност да ги гледаат новите рецепти од популарните Марк и Никола.

Започна да се снима шестата сезона од „Брза кујна“, но во оваа сезона друштво на Никола и Марк ќе им прави водителката Сања Савеска.

Оваа вест ја сподели Сања на својот Фејсбук профил со фотографијата која ја направи заедно со шефовите  Марк и Никола.

-„Ново освежување“, „Редно беше да почнете“, „Каде е Александра“, беа само мал дел од коментарите.

Инаку Сања Савевска секое утро со својата насмевка и позитивна енергија ги буди гледачите на ТВ 24 во утринската програма „Македонија денес“.

ФОТО/ Facebook

Ова и е прво вакво телевизиско шоу на водителката, па се надеваме дека добро ќе се снајде и ќе ги освои симпатиите кај публиката и гледачите.

 

За потсетување, првата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска.

Исто така во минатата петта сезона Марк и Никола исто така имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.

(Visited 6.468 times, 1 visits today)