Реклама
TV

Еве колку заработуваат Турците што ги освоија жените од Македонија – еден од нив има наши корени!

Овие турски актери заработуваа астрономски цифри

Реклама

Цифри од кои на многумина ќе им се заврти во главата

Турските серии се гледаат во целиот свет, а главните актери од овие свои улоги заработуваат сериозни пари.

Некои од најпознатите ѕвезди од овие серии заработуваат и милиони, така што се меѓу најплатените светски актери.

Маркетинг

Тие најчесто пари заработуваат од снимена епизода, а во текот на месецот најчесто снимаат по неколку епизоди.

Инстаграм

Меѓу најплатените актери се Халит Ергенч и Бурак Озџивит, кои се едни од најпознатите турски актери и кај нас.

Инстаграм

Тие по една епизода заработуваат околу 25.000 евра, па на месечно ниво нивната заработка се движи околу 100.000 евра.

Како што пренесуваат турските медиуми, Халит само за улогата на Сулејман во серијата „Сулејман величествениот“ заработил три и пол милиони долари. А кога на оваа заработка ќе се додадат и бројните хонорари од реклами, а потоа и парите што ги заработил од сите останати серии што ги снимил досега, ќе ни стане јасно од каде е сиот тој луксуз во кој актерот денес ужива со неговата сопруга Бергузар Корел и нивните три деца Али, Хан и Лејла.

Инстаграм

Од друга страна Бурак од Сулејман величествениот не заработи толку пари, но оваа серија дефинитивно го прослави.

Инстаграм

Неговите најголеми заработки се од сериите што ќе ги сними подоцна, а заради кои сега е еден од најбогатите турски актери.

Инстаграм

Покрај овие двајца, меѓу најплатените турски актери се и Киванч Татлутуг и Кенан Имирзалиоглу, но и Џан Јаман кој има македонско потекло и важи за еден од најплатените актери од поновата генерација.

Инстаграм

Џан се прослави со серијата „Романтичарот“, а неговото македонско потекло е од баба му по мајка која е Македонка.

Инстаграм

Неговиот хонорар по епизода се движи околу 10.000 евра, што значи дека месечно заработува околу 40.000 евра.

Поврзано

Back to top button