Државата ќе доделува дополнителна финансиска помош за пензионерите во Македонија, а одлуката се очекува да биде донесена деновиве на владина седница.
Владата се очекува да исплати дополнителна финансиска помош на сите пензионери кои примаат пензија до минимална плата.
Пензионерите кои добиваат пензија која не е поголема од 20.175 денари ќе добијат финансиска помош во следниот период, а за сумата и траењето на поддршката се очекува да се произнесе Владата со прецизна одлука.
Покрај оваа помош, пензионерите може да се надеваат на ново покачување на пензиите два пати следната година и тоа во март и септември.
Министерска за труд и социјална политика Јована Тренчевска во разговор за „Слободен печат“ истакна дека СДСМ се грижи за сите граѓани, особено за повозрасните, со постојано покачување на пензиите, а од декември следува финансиска поддршка за пензионерите.
-Методологијата за усогласување на пензиите два пати годишно дава резултат, пензиите од јануари 2022 година, за 1,5 година се зголемени за 25%.
Два пати во годината, во март и септември имаме усогласување на пензијата согласно трошоците за живот, како што расте инфлацијата така се зголемуваат и пензиите и согласно порастот на просечната плата, а таа гледаме дека постојано расте, нагласи Тренчевска
Трнчевска истакна во 2017 година кога СДСМ дојде на власт дефицитот во пензискиот фонд бил 47%, а сега е намален на 33% и најави финансиска поддршка за најранливата категорија на пензионери.
Сега во декември ќе започне исплатата на финансиска поддршка, која ќе биде одлична за пензионерите.
Многу скоро Владата ќе ја донесе одлуката за новиот пакет на атникризни мерки, во кој ќе бидат опфатени и пензионерите, за да можеме заедно да ги пребродиме и зимскиот период која парите се најпотребни, истакна Тренчевска.
Таа нагласи дека ссвен со покачување на пензиите и финансиска поддршка, Владата предводена од СДСМ е посветена на грижата за старите лица во делот и на капиталните инвестиции, односно градење на старски, општински домови така и во делот на услугите.