Реклама
Вести

Еве кога пензионерите ќе добијат покачување од 5.000 денари на своите сметки!

Реклама

Пензии повисоки за 5.000 денари во првата година, релокација на 250 милиони евра годишно кон општините за капитални проекти, предвидлива даночна политика и за домашните и за странските фирми, особено кај данокот на профит преку негово олеснување, енергетски базен центар кој ќе произведува 50 отсто од потребите на Македонија, како и посебно министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Ова се само дел од нештата кои ги спомена претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на денешниот панел на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањаа „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Маркетинг

Сакам да ги споменам пензионерите кој што ги гледаме со месеци буквално измрзнати, гладни чекорат по плоштадите и улиците барајќи правична распределба на средствата од буџетот, барајќи линеарно зголемување на пензиите кои што тие во оние средби кои што јас ги имав со нив изминативе два месеци го поставија тој праг на околу 5.000 денари, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Претседателот Мицкоски во текот на своето обраќање најави дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година ќе ги зголеми линеарно пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.

Маркетинг

-Преку една дебата која што ја водиме во рамките на партијата во изминатиот период и преку оние информации кои што ги имаме за моменталната состојба на буџетот, но и за очекувањата за обврските во периодот што следи можам да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година линеарно ќе ги зголеми пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.

И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите, потенцираше Мицкоски.

Toj порача дека пензионерите го заслужуваат тоа.

-Наместо тие сега да ги чуваат внуците или да уживаат во своите пензионерски, заслужени денови, ги гледаме како премрзнати, гладни протестираат на плоштадите и низ улиците, додаде Мицкоски.

Средствата за општините ќе биде водечки проект

Мицкоски во економската дебата со граѓаните претстави дел од плановите на партијата за идната можна влада која би ја предводела ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека планот е општините да добијат 1 милијарда евра во рок од четири години за капиталните инвестиции. Тој потсети дека со актуелната влада на СДСМ и ДУИ граѓаните немаат водоводи, канализација, немаат асфалт, училишта и градинки.

– Затоа што овие од безрбетници кои ја понижија и опљачкаа Македонија устата им е полна со Европа, но некако граѓаните во Македонија ги немаат можностите да ги имаат основните услови за живот – изјави Мицкоски и додаде:

– Ние нема да бидеме влада која ќе инвестира само во општините каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку планираме да бидеме влада која ќе инвестира на целата територија без разлика од која политичка партија е градоначалникот или пак е независен.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира веднаш половина од оваа сума во 2024 година да инвестира и цела сума во 2025 година.

Тоа ќе биде еден од водечките проекти, да ја доближиме работата владата до секој наш граѓанин. Перцепцијата кај народот сега е дека сите се исти, да ја смениме таа перцепција, да може граѓаните го почувствуваат бенефитот од работата на владата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button