Реклама
Култура[тор]

Еве како ќе изгледа воведната шпица на легендарната телевизиска серија „Беверли Хилс“

Реклама

Планирани се шест епизоди, но доколку има интерес ќе се снимаат и други…

Благодарение на римејкот на култната серија Беверли Хилс 90210 која ќе се емитува на Телевизија Фокс, публиката и посебно помладата генерација ќе има прилика да се запознае со серијата која во 90-тите беше планетарно популарна и се емитуваше цели десет години.

Маркетинг

Од оригиналната постава недостасува само Лук Пери, кој во март почина од мозочен удар. Поради тоа актерите најавуваат дека ќе му биде посветена една цела епизода.

„Немав намера да глумам во оваа серија, но откако Лук не напушти, ги погледнав работите од друга перспектива. Ова го правам во негова чест“, изјави симпатичната актерка Шанон Доерти која серијата ја напушти по првите три сезони. За неа тогаш се зборуваше во медиумите дека е тешка и проблематична соработничка. Но и покрај големата слава што и ја донесе Беверли Хилс, 48 годишната актерка немаше голема среќа во понатамошната кариера.

Маркетинг

На Јутјуб се појави и нова воведна шпица што ја разбудува носталгијата кај обожавателите на култната серија. Речиси се’ е исто, само актерите се постари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button