Еве како Шеф Марк ужива со жената на неговиот живот – многумина им завидуваат на големата љубов, се сакаат како и првиот ден
Слободно може да се каже дека тој е еден од најдобрите готвачи во земјата.
Кулинарското шоу „Брза кујна“ е едно од најгледаните емисии во Македонија, а двајцата готвачи шеф Никола и шеф Марк уште од првата емисија ја освоија публиката.
Освен талентот за готвење, готвачот Марк де Јонг, со својот шарм, кулинарски способности и духовитост ги освојува гледачите.
Тој освен што е врвен готвач важи и за вистински романтичар, а заедно со својата сопруга знаат како да уживаат во животот.
Често патуваат и надвор од земјата, а викендов заминаа на дегустација на вино.
Двајцата заедно заминаа во винаријата на Тиквеш и уживаа во едни од нивните најубави вина.
Нема сомнеж дека Марк и неговата сакана Василка знаат да уживаат во животот.
Тие неодамна го прославија и празникот Свети Трифун во Лазар винарија, па се чини дека покрај добрата храна и двајцата се љубители на добро вино.
Тие новогодишните празници ги поминаа на Малдивите од каде споделија неколку фотографии на кои освен што покажаа дека уживаат, Василка позираше во костим за капење и покажа дека е во топ форма.
Василка во интервју за „Магазин“ на ТВ Сител, откри дека на 50-от роденден си ветиле еден на друг дека ќе уживаат во секој ден поминат заедно, па со оглед на тоа дека се авантуристи двајцата уживаат во патувањето.
Се чини дека двајцата навистина го исполнуваат тоа ветување и покажуваат како навистина треба да изгледа еден складен и вљубен пар.