Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Цаци од Сител ужива со сопругот – романтичната фотографија открива многу за нивната љубов

Важат за еден од најромантичните парови меѓу претставниците на седмата сила

Реклама

Водителката на телевизија Сител, Славица Арсова, заедно со својот сопруг и колега Александар Спасовски во романтично издание.

Познатиот новинар од телевизија Сител, Александар Спасовски, ја однесе својата сопруга Славица на романтична вечера.

Еден од најпознатите парови меѓу претставниците на седмата сила си поминаа одлично, што може да се забележи и од фотографијата што Спасовски ја сподели на профилот на социјалните мрежи, а на која и двајцата буквално блескаат од љубов.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Сител

На фотографијата се гледа како тие уживаат заедно додека пијат коктели, а посебно привлекува внимание тоа што Цаци е без шминка.

Маркетинг

Инстаграм/ Александар Спасовски

И додека на малите екрани секогаш ја гледаме стокмена од глава до пети, ова е еден од ретките моменти да ја видиме во вакво издание.

Потсетуваме, Славица и Александар се во брак веќе повеќе од 10 години, а еден детаљ од нивната љубов се уште е хит на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Јутјуб, Сител

Имено, Александар ја запроси својата сакана пред камерите и тоа во вестите на Сител, оставајќи ја својата сакана без зборови.

Инстаграм/ Александар Спасовски

Тие на лудиот камен застанаа во јанауари 2012 година, а круна на нивната љубов е нивната ќеркичка Мила.

Инстаграм/ Славица Арсова

Инстаграм/ Славица Арсова

Инстаграм/ Славица Арсова

Инстаграм/ Славица Арсова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button