Еве како пејачката Сара и водителот Димитар уживаат со нивната наследничка – фотографии што ќе ви го разубават денот

Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар важат за еден од најскладните парови во земјава.

Откако нивната ќерка потпорасна и двајцата зрачат од среќа додека се покрај неа, а често знаат таа среќа да ја споделат и со своите фанови, па така беше и овојпат.

Со доаѓањето на летните темепратури, Димитар и Сара побегнаа од Скопје, па заминаа на одмор во Египет, а се чини дека малата Илина добро се забавува.

Пливање, аквапарк, прошетки и што уште не, a, а под една од фотографииуте на која Илина е среќна и насмеана Димитар напиша„ за ова се живее“

Повеќе од јасно е дека децата се богатство, а нивната среќа е беценета!

Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Заедно со тато Димитар таа танцуваше среде улица, а потоа покажа и финта.

Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Односно Сара на Инстаграм сподели преслатко видео на кое Илина вози тротинет, а како што напиша можела да направи „финта“, да ја крене едната нога на рачката.

Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Секако видеото беше споделено на Инстаграм, а малата Илина го повтори истото сè додека не ја усоврши „финтата“.

Тие се венчаа во 2017 година и направија традиционална венчавка со сите македонски обичаи.

Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс

За таа пригода невестата избра тесна венчаница со впечатливи транспарентни делови која ја истакна нејзината линија, а пак долгата коса придонесе за ултра впечатлив ефект.

На веселбата која се случи во еден познат скопски ресторан присуствуваа многу гости, меѓу кои секако и доста колеги од шоу-бизнисот како од страната на младоженецот, така и од кај невестата.

Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Плод на љубовта меѓу Димитар и Сара е нивната ќерка Илина.

Таа е центарот на нивниот свет, а гордите родители се трудат секој момент да го поминат со неа,

Деновиве Сара сподели интересно видео на кусите приказни на Инстаграм и покажа како Димитар ја чува Илина.

Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Креативниот татко се труди на секој можен начин да ја развесели својата ќерка, па прави сè за да ја анимира и да ѝ го задржи вниманието. Додека заедно јадеа Димитар на очи имаше ставено очила за нуркање и во исто време ѝ раскажуваше приказни на Илина, со цел да ја мотивира што е можно повеќе да изеде од зготвеното.

Сара Мејс и Илина се навистина среќни што имаат ваков сопруг и татко покрај нив!

Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Фото: Инстаграм / Сара Мејс

Фото: Инстаграм / Сара Мејс

(Visited 232 times, 1 visits today)