Еве како Луна Џогани за само две недели ослабна шест килограми

Првите резултати веќе се забележуваат

Новопечената пејачка веќе некое време е на специјален режим на исхрана и резултатите веќе се воочливи.

ADVERTISEMENT

Таа деновиве се појави во портокалов фустан со кој во преден план ги истакна своите атрибути

Сакав малце да смена, да биде некоја друга боја. Студено ми е, но имам бунда, а имам и момче, порача Луна, а потоа се надоврза и нејзиното момче Марко Миљковиќ со кого е во врска уште од „Парови“.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„На ваков минус љубовта најмногу грее. Ако ви е студено, најдете љубов“, коментираше нејзиното момче.

Инаку, сите забележаа дека Луна во последно време изгледа поприлично стегнато, па таа откри како ослабнала.

„Ослабнав шест килограми. Бев на исхрана која ми ја препиша нутриционист бидејќи имав здравствени проблеми. Сега е се во ред“, откри таа, а пренесе „Glossy“.

Инаку и нејзината мајка Анабела неодамна откри дека Луна има здравствени проблеми и дека мора да ги промени животните навики. Очигледно дека младата пејачка сериозно го сфатила ова, па сега веќе може и да ужива во придобивките од новиот режим на исхрана.

Facebook Comments
(Visited 160 times, 11 visits today)
Loading...