Еве како Ирина Шајк го носи еден од водечките трендови на нашите тинејџерки

Убавата манекенка сјајно го „фураше“ трендот кој едни го мразат, но други обожаваат

Преубавата руска манекенка Ирина Шајк речиси секојдневно може да се види во Њујорк додека се шета со ќерката Леа де Шеин, со која го минува секој слободен момент.

ADVERTISEMENT

Убавата 33-годишна Русинка која важи за една од најубавите жени на светот за дневни пригоди најчесто избира кежуал комбинации, а тоа беше така и овој пат кога на улиците во Њујорк го привлекуваше вниманието со издание кое совршено и стои и го истакнува нејзиното згодно тело. Во прашање е маица со весели бои во популарната „tie-dye“ техника која беше хит во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Иако некогаш беше резервирана за боеми, хипици и тинејџерки, оваа сезона потполно се ИН ваквите парчиња и истите ги носат девојките како Тејлор Свифт, Џиџи Хадид и „плус-сајз“ моделот Ешли Греам.

Популарната „tie-dye“ техника е хит и на нашите улици, особено помеѓу девојките од помладата генерација.

Ирина ваквата маица ја носеше со уште две култни парчиња – чизмички мартинки и куси тексас шорцеви.

 

Facebook Comments
(Visited 99 times, 1 visits today)