Еве како изгледа сопругата на Максим Димитриевски која е негова НАЈГОЛЕМА поддршка и горда мајка на три прекрасни деца!
Градоначалникот на Куманово го покажа своето семејство.
Кумановчани веќе добро ги познаваат, но семејството на Максим Димитриевски се држи подалеку од очите на јавноста.
Димитриевски уште од многу млад станува активист на Социјалдемократскиот сојуз и така започнува неговата политичка кариера во Македонија.
Тој освен што е успешен во својата кариера, исто така е и семеен човек, сопруг и татко на три деца.
Тој и неговата сопруга Надица Димитриевска се 25 години во брак. Таа во интервју за „Женски магазин“ вели дека станува збор за брак исполнет со љубов, почитување, слога и пред сè разговор. Плод на нивната љубов се нивните три прекрасни деца – Милан, Вероника и Димитар.
Во пресрет на локалните избори во Македонија Максим се кандидираше како самостоен кандидат за втор мандат во Куманово, а сега на социјалните мрежи сподели фотографија од своето семејство па напиша:
„Семејството е столбот на општеството …“
Освен мајка на три деца и сопруга на градоначалникот, Надица Димитриевска е и наставник.
Нејзина голема желба уште од дете било да стане просветен работник.
-Пораснав со табла и креда во детските другарувања во улога на наставничката. Тоа беше мојата желба од мали нозе, да учам, едуцирам, советувам и пренесувам. И таа желба продолжува низ моето веќе петнаесет годишното искуство. Големата љубов кон децата но и желбата на вистински начин да го доближам секој материјал и љубовта кон учењето на најмали теми дава поттик покрај редовната програма да изнајдам и креативни начини како тоа да го спроведам. Модерното време, а со тоа и самите деца, кои растат во него не „тера“ да креираме пред сè подобра комуникација со своите соученици, а потоа и неформално доближување до самиот простор или тематика и материја. Како успешни работилници би ги издвоила креативната работилница во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, поддршка на соучесник во музички фестивал и натпревар, маскирање на цело одделение, посета на подрачно училиште на ООУ „Кочо Рацин“ и подарување на подароци на нашите другарчиња под една порака „од деца за деца“ и останати, вели Надица за „Женски магазин“.
И покрај своите обврски, обврските во домот, таа сепак успева да му биде голема поддршка на сопругот и да му помага. Вели дека вистински предизвик претставува да се успее во сите сфери.
Изгледа како вистинска дама и вели дека пред сè сите сме луѓе, функциите се менливи, а човечноста треба да биде доблест на сите, на крајот зад нас останува само сработеното.
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски