Еве како изгледа сопругата на Зоран Ванев, фолкерот кој замина во Швајцарија и микрофонот го замени со бел мантил

Малкумина ја виделе досега

Познатиот фолк пејач Зоран Ванев не изненади сите кога на својата официјална Фејсбук страна објави фотографија од својата сопруга.
На фотографијата е тој со сопругата Лидија со која е во брак повеќе од 20 години и со која има две деца.
Штипскиот пејач откако замина во Швајцарија работи и како доктор за природна медицина, а како што самиот изјави во една пригода, воопшто не жали што микрофонот го заменил со белиот докторски мантил затоа што отсекогаш сакал и имал голема желба да им помага на луѓето.

Пејачот кој нашата публика го памти по голем број хитови, а кој достигна популарност и во Србија, во еден момент реши да се повлече од сцената. Во Швајцарија каде што сега живее со неговото семејство тој има клиника каде го посетуваат луѓе од целиот свет, а што се однесува до неговата музичка кариера, настапува само на одредени настани.
Тој својата кариера ја започна во 90-тите години, со неговата прва песна Ангела која беше голем хит во Македонија.

Тој потоа се сели во соседна Србија каде стекна уште поголема слава, за да во еден момент одлучи да се повлече од сцената.
Медиумите тогаш пренесуваа дека Ванев верувал дека естрадата не е за него.
Познатиот фолкер наводно заради тоа решил да направи промена во животот иако публиката го обожаваше, а посебно претставничките на понежниот пол.
Ќе се пресели во Швајцарија каде живее и денес со семејството, а како изгледа погледнете од галеријата што следува.
Пејачот во Швајцарија стана доктор.
Тој е првиот Македонец во Швајцарија кој има титула доктор за природна медицина од „Парацелсус Академијата“ која е призната на државно ниво на сите установи како во Швајцарија, така и во другите европски држави. Неговата клиника се наоѓа на самата железничка станица Шлирен во Цирих и во неа се третираат најразлични болести.

Иако беше роден за на сцена и беше еден од ретките пејачи што успеа да направи кариера и во соседството, Ванев сепак во еден момент реши да ја промени професијата.

Но неговиот шарм остана непроменет…




















