Еве како изгледа денес неодоливиот заводник од шпанските серии – се шушкаше дека Џеј Ло заради него се разведува

Вилијам Леви е роден на 29-ти август 1980 во Хавана, Куба.

Вилијам Леви зад себе има огромен број на улоги во серии и филмови од шпанското говорно подрајче, но неговото име веќе е добро познато и во Холивуд.

ADVERTISEMENT

Заводникот со своето извајано тело, чиј заштитен знак му се неодоливата насмевка и извајаните мускули и денес изгледа непроменето. Се прослави со своите улоги во бројни познати шпански теленовели, а во 2011 ќе се појави и во спотот на Џенифер Лопез „I’m into you“, што го искористи како отскочна штица за да се пробие во Холувуд.

Но како што пренесуваа странските медиуми, тој од овие улоги не успеа да собере доволно пригоди за да го покрие својот раскошен живот, па така во 2016 година му беа одземени скапите автомобили и луксузната куќа поради долговите што достигнаа дури милион долари.

Но тој не сака да им се врати на шпанските серии, иако се шушка дека ќе мора да го направи тоа поради финансии.

„Не сакаше да глуми во теленовели. Ги сакаше холивудските филмови. Сериите ги смета за дамка во кариерата. Пред неколку години реши да се пробие во Холивуд, но сфати дека овој град е полн со згодни фраери како него. Играше во неколку проекти во кои помина незабележано“, изјави доброинформиран извор за него минатата година. Тој додаде дека Леви бил арогантен и сметал дека целиот свет е негови. Откако се прославил во Мексико дошол во Мајами и се расфрлал со парите што ги заработил, а и ги бирал улогите.

Интересно е и тоа што Леви и покрај трачевите за неговиот бурниот љубовен живот 15 години е во врска со актерката Елизабет Гутјерез. Медиумите не ретко го поврзуваа со различни колешки и убавици и го обвинуваа дека ја изневерува својата девојка, па дури се шушкаше дека и Џенифер Лопез наводно заради него се развела од Марк Ентони.

Сепак најголеми размери предизвика неговото неверство со актерката Жаклин Бракамонтес на која и ветил дека ќе ја остави Елизабет.

Жаклин за ова прозборе и во својот роман, истакнувајќи дека ја завршила врската кога дознал дека партнерката на Вилијам е бремена со второ дете, а тој потоа се обиде да ја демантира во медиумите, но никој не му поверува.

Кубанецот се најде во немилост и кога беше обвинет дека во хотелска соба завршил со малолетна девојка и дека ја присилил да имаат односи. Но и покрај тоа што обвинението беше повлечено, Леви никогаш не демантираше дека спиел со неа, туку само коментираше дека го излажала за годините.

Но и тоа не беше крај – Леви се најде во непријатна ситуација и во 2013 кога наводно заврши во прегратките на мис Мексико, Химена Наварет. Драматичната преписка на манекенката и официјалната девојка на Вилијам, Елизабет, заврши во весниците. Но интересно е тоа што таа му прости се, па парот се уште е заедно иако не се потпишале кај матичарот.

Наводно Вилијам се променил и сега потполно е посветен на Елизабет, и на синот и ќерката што ги има со неа.

 

Facebook Comments
(Visited 147 times, 1 visits today)