Вирално

Еве како изгледа денес малиот Војо што го расплака целиот Балкан. Има три деца, четвртото е на пат (фото)

Малото русокосо момче пронајдено по 40 години

Advertisement

Војислав Вујиќ од Куршумлија, мало гратче во јужна Србија, деновиве стана актуелен благодарение на едно видео од пред 40 години кое деновиве стана вирално и го воодушеви целиот регион.

Во него малиот Воја ја рецитира песната „Обединетата деца на светот“ во една емисија на легендарниот водител Милован Илиќ Минимакс.

Advertisement

Видеото деновиве беше објавено на социјалните мрежи и веднаш стана вирално, а многумина се прашуваа дали некој знае кое е малото русокосо момче кое со емотивното рецитирање го расплака целиот регион.

Фото: Твитер/ РТ Куршумлија

Воја, како што самиот раскажа за „Телеграф.рс“, денес живее во близина на Крушевац, работ во приватна фирма и се занимава со земјоделство и сточарство. Со својата сопруга Тамара има три деца, а четвртото е на пат.

Најстариот син Душан наполни 18 години и заврши трета година средно училиште, ќерката Радица заврши втора година средна, најмладиот Стефан осмо одделение, вели Воја во разговор за споменатиот портал.

Advertisement
Фото: Твитер/ РТ Куршумлија

Во неговиот дом го посети екипата на Телевизија Куршумлија која и го објави архивското видео и која го снимаше Воја како повторно ја рецитира песната, но сега тоа го направија и неговите деца, Радица и Стефан.

Фото: Твитер/ РТ Куршумлија

Тие открија дека неодамна дознале кој е малиот Воја, но и дека биле шокирани затоа што не го препознале.

Фото: Твитер/ РТ Куршумлија

Ти воопшто ни не знаеле дека оваа снимка постои, а потоа заедно ги рецитираа стиховите кои никого не оставија рамнодушен.

Потсетуваме, пред неколку дена на социјалните мрежи се појави видео коешто го споделуваа со наслов „Плачете со Војо“.

Во видеото главна ѕвезда е едно младо момче од Куршумлија кое ги рецитира стиховите на песната „Обединетите деца на светот“.

Фото: Твитер/ РТ Куршумлија

Тој во еден момент не можеше да се воздржи од тажните стихови и почна да плаче, но не престана со рецитирањето.

Како звучеше Војо тога, но и како изгледа сега, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ РТ Куршумлија

Фото: Принтскрин/ РТ Куршумлија

Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button