Еве како изгледа денес една од нашите најпознати актерки – во МАКЕДОНСКИТЕ народни приказни ни беше една од омилените
Актерката која кариерата ја започна многу млада, денес изгледа фантастично.
Секогаш е средена, со свој стил на облекување, движење и однос, Стојна Костовска воодушевува каде и да се појави.
Јавноста ја запозна како дел од првата постава на македонските народни приказни, а огромна популарност стекна и како дрл од популарната емисија Хихирику, која секое утро во недела беше неизоставен дел од секое македонско семејство.
Стојна зад себе има богата кариера и остварено многу важни театсрски и филмски улоги.
Завршила Средно фискултурно училиште во Скопје.
Малкумина знаат дека како млада се занимавала со спорт, но и паралелно посетувала и драмска лекција.
„Се занимавав со сите можни спортови, не постигнував некој значителен успех, меѓутоа со успех го заршив средното образование. Знаев дека приемниот испит и таму е тежок. Но, јас сум човек што никогаш не се откажува од ништо, ако наумам нешто мене не ме мрзи и во 10 навечер и до 12 да напраам леб”, откри актерката која сепак се запишала на студии во Белград, но после 6 месеци се откажала и се вратила во Македонија на Факултетот за драмски уметности.
По 41 година поминати на театарската сцена, Стојна се пензионираше, но како што раскажа во емисијата „Магазин”, пензионирањето многу тешко ѝ паднало.
„41 година да се биде на сцена, пред публика, да се подготвува претстава да се дружиш со сите колеги не е мала работа. Јас немам влезено во конфликт со ниеден колега или колешка. Секогаш сум била објективен човек. Една златна средина секогаш во животот сум држела. Со оглед на тоа дека ова короништево не нападна, верувајте ние година не работевме, така ми дојде како тогаш да отидов во пензија. Ме заболе кога ова ланче, ова ми е од мојата драга директорка, јас го добив како подарок за пензионирањето.
Церемонијата се опдржа пред вратата на МНТ и тогаш сфатив кога отидов дома, кога го видов подарокот, велам и сега што правиш? Значи веќе аплаузот не е мој, подготовките за театар не се мои, сега планирам да одам да си го земам последниот костим за спомен. Мој костим не може никој да носи. Ми падна многу тешко, затоа што бев навикната на работа, на дружба, сега наеднаш останувам дома.
Читам доста, имам една баба, свекрва моја, која за жал е неподвижна и сите ние дома што сме, обврска ни е таа. Знаеме дека не може да стане и треба да ѝ ги подобриме сите услови за да ѝ биде убаво. Во дом не доаѓа предвид да ја дадеме, колку можеме ќе се трудиме, затоа што таа баба заслужила последните денови да ги живее како човек”, раскажа актерката.
Таа беше дел од првата постава на македонските народни приказни кои оставија траен белег кај сите нас што ги гледавме, а ја оболежаа кариерата на актерите кои работеа на нив.
Ние пораснавме со тие приказни, кои со себе носеа секогаш некаква поука важна за секој човек.
Стојна раскажа како станала дел од тимот.
„Јас пред 36 години почнав да снимам приказни благодарение на Колозов. Дојде Колозов кај мене, син ми имаше прв роденден, и ми вели Стојне ќе бидеш принцеза, правиме тоа тоа и тоа. Јас велам како ќе бидам принцеза. Имав само 30 години. И така почнавме. Бев принцеза, Колозов беше царот, јас ќерка негова. Имав задача да седам до него. Многу смешно беше.
Тоа беше еден најубав период од мојот живот. Толку се познававме меѓу себе што доволно беше сценариото во последен момент да ни го дадат. Некогаш сме знаеле во еден ден да снимиме цела приказна. Не е тоа малку. Тие приказни што ние ги дававме даваа една поука. За разлика од денешниве приказни. Не е тоа тоа. Нашите приказни се култни приказни”, раскажа таа.
Препознстлива е и по своите шешири кои се труди да ги носи на разни прилики.
Љубовта кон нив вели дека можеби ѝ е наследена од нејзината кума која исто така била љубител на шешири.
Вели дека обожава да готви и секогаш експериментира со рецепти.
Поради вирусот Ковид 19 животот како да запре, па луѓето полека се оддалечија. Стојна откри како го поминува времето на карантин.
„Имам обврски, Готвам секој ден. Кај мене нема ручек пржени јајца. Што е тоа. Тоа може за појадок или вечера што не се случува кај мене. Јас многу сакам да сукам, да месам леб. Сакам да готвам. Измислувам јадења. Ако нешто не ми одговара ќе си уклучам јутјуб, човек цел живот учи. Мојата мајка беше голема домаќинка. Јас научив сама да сукам. Не ми доаѓаше да пријдам до неа. Секогаш имав долги коси и да не летне влакно. Откако се омажив сама готвам.
Читам, доста читам. Имам снаа од брат која исто многу чита. Само си разменуваме книги. Одамна немам купено книга.Како секоја жена што има обврски дома, габаритна е кучќата, мора тоа да се исчисти се да биде како што треба. Се трудам, себеси се давам. Никаде не одам, не кукумљавчам, демек ова ми се случило, она ми се случило. Имам пријатели со кои ќе си седнам и ќе си кажеме и убавите и грди работи и тука остануваме.
Јас сум Овен, јас кога ќе решам ѕидов ќе го срушам со глава”, заклучи актерката.
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска
Фото: Фејсбук / Стојна Костовска