Еве како изгледала Дара Бубамара пред операциите – таа би платила цело богатство овие фотографии да исчезнат од интернетот (фото)
Дара никогаш не криела дека своето деколте го зголеми за неколку бројки со помош на пластичната хирургија.
Нејзините природни гради беа со големина тројка. Таа тоа никогаш не го криела, а тоа може да се види и од фотографијата од пред 12 години.
Познатата пејачка во меѓувреме повторно ги зголеми и сега фура „појачана“ петка. Но очигледно дека таа е горда на своите мега силикони и свесна дека токму заради нив го привлекува вниманието на мажите каде и да се појави.
Инаку фаталната заводничка од Нови Сад во последно време изгледа се подобро и подобро. Таа редовно ги воодушевува своите верни фанови со фотографии што ги објавува на социјалните мрежи, а на кои изгледа како никогаш досега. Од нив може да се види дека Бубамара повторно оди во теретана и води здрав живот.
Таа затоа реши да се пофали колку ослабнала и дека во блиска иднина да очекуваме нови изненадувања од неа.
Од фотографиите можеме да видиме дека таа навистина во последно време изгледа непрепознатливо.
Без разлика дали позира во оскудно издание или не, на фотографиите изгледа како да нема ниту еден милиметар мана на себе, а нејзините обожаватели се воодушевени од нејзината промена и новиот имиџ што го фура.
Инаку и британскиот таблоид Дејли стар неодамна пишуваше за Дара, но не баш во позитивен контекст.
Имено, тие објавија неколку фотографии и ја критикуваа дека претерано ги обработува во Фотошоп за нејзиното деколте да изгледа уште поголемо.
Дара не се огласи во врска со овие критики, па затоа објави сет фотографии кои некои ги сфатија како одговор.
Па, како ви се допаѓа новиот изглед на Дара?