Еве какви чизми ќе носат нашите девојки оваа есен и зима

Познатата актерка ни покажа како да ги носиме најпопуларните чизми за оваа сезона

Кејт Босворт неодамна го потпиша договорот за новиот филм „Force Of Nature“ па сега повторно е презафатена. Папараците овој пат ја фатија за време на нејзиниот престој во Њујорк каде имаше закажано деловни состаноци, а нејзините деловен „дрес-код“ потполно сме маѓепсани.

ADVERTISEMENT

Имено, русокосата убавица од состанокот излезе во нетипично деловно издание во кое изгледаше прекрасно.

Актерката која никогаш не греши кога е модата во прашање овој пат се прошета во тесен беж фустан со миди крој, длабок шлиц и дискретно отворен на грбот кој во преден план го стави нејзиното убаво тело. Но и покрај тоа што фустанот и стоеше одлично, целосното издание немаше ни до пола да биде олку феноменално ако Кејт не ги избереше клучните модни додатоци (и црвениот кармин, секако!).

Босворт целото издание го зачини со ефектна чанта со златна рачка и со потписот на „Chloe“ како и со беж кожени чизми над колена со стуткан изглед кои беа полн погодок. Ваквите „стуткани“ чизми ќе бидат апсолутен хит оваа есен, а посебно високите модели кои досегаат до или над колената.

Можете да ги носите со фустани со средна должина како што ни покажа русокосата актерка, но и во комбинација со „culotte“ фармерки. Во последно време трендсетерките полудеа и по еден нов тренд – го носат со панталони и фармерки со поширок крој ставени во високите чизми.

Facebook Comments
(Visited 149 times, 1 visits today)