Еве каква венчаница ќе носи снаата на Гоца Божиновска – долго време и ВНИМАТЕЛНО ја бираше, бремената Бојана ќе блеска во неа!
Снаата на познатата пејачка Гоца Божиновска полека се спрема за најубавиот ден во својот живот.
Бојана Родиќ и Марко Шијан наскоро треба да се заколнат на вечна љубов, а младата дама по многу труд конечно успеа да пронајде фустан во кој ќе го изговори своето судбоносно „да“ и ги воодушеви своите бројни фанови .
Тие неодамна му го прославија роденденот на синот Зоран, а потоа и објавија дека Бојана повторно е бремена.
Нивната свадба ќе биде на 18 септември, па Бојана веќе некое време го бара својот фустан од соништата.
Еден од нив идната невеста одлучи да го покаже пред своите бројни следбеници на социјалните мрежи.
Откако објави снимка од венчаницата таа изјави дека сега е време да прослави и ги воодушеви сите со својот избор.
Таа во салонот за венчаници беше заедно со својата сестра Наташа и нивните пријателки, а дали шармантната Бојана токму оваа венчаница ќе ја избере ќе видиме за неколку недели, на нејзината свадба.
Потсетуваме, Бојана и Мирко веќе имаат едно дете, а неодамна објавија дека очекуваат уште едно машко дете.
Церемонијата е закажана за 18 септември, а како што самите открија во една прилика, свадбата ќе биде убава и голема.
Инаку тие пред само десетина дена во Тител организираа прослава со пријателите и семејството, за да го откријат полот на бебето.
Идната мајка одлучи да дупне балон, по што сите можеа да видат сина боја. Со ова Мирко и Бојана открија дека очекуваат машко дете. Сестрите на Бојана беа воодушевени заради приновата, а воодушевувањето не можеше да го сокрие ни гордата баба, пејачката Гоца Божиновска.
„Ние двајцата сме најдобри другари, по цел ден ме вика само бабо, бабо.. и јас летам веднаш кај него. Сега и Бојана повторно ни е трудна, нека ужива во бременоста. Мирко и јас сé преземавме на себе, таа треба само да одмара и да ужива, кога ако не сега кога е во блажена состојба. И семејството на Бојана е тука кога треба, така што покрај нас бабите и дедовците бебиситерките можат слободно да одат во пензија“, изјави порано во шега Божиновска.
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ