Звучи страшно, но функционира
Сите знаеме дека и сопругата на најдобриот тенисер на светот, Јелена Ѓоковиќ, води здрав живот. Таа внимава на своето тело, но и на состојбата на духот, а покрај посебните начини на исхрана и вежбање, неодамна ни откри и една рутина до која се придржува кога е туширањето во прашање.
Имено, Јелена практикува да се тушира со студена вода, па на својот Инстаграм откри зошто тоа треба да го правиме и ние:
Еве зошто треба да се тушираме со студена вода:
1. Тоа е „страшно“. Но ако ги правите „страшните“ работи секој ден тоа ќе ви помогне да ја изградите вашата отпорност.
2. Изложеноста на студено има повеќекратна добивка – вклучувајќи го и тоа да бидете многу анти- воспалителни.
3. Ви дозволува да вежбате контролата на вашиот ум. Студот ќе ве стави или во „борба“ или „бегство“, и ќе почнете да согледувате дека можете да се смирите дури и во една таква ситуација.
4. Навистина е „страшно“, но функционира – напиша Јелена.
Што мислите за ова?