Реклама
Вирално

Еве зошто таткото на Вања беше со избричена глава и во комбинезон – Балканот во шок од злосторството!

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, заедно со останатите осомничени во монструозните убиства што го потресоа регионот добија триесетдневен притвор

Реклама

Осомничените Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видовски, обвинети за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска (14) моментално се наоѓаат во притворското одделение во затворот Шутка.

Приведен е и таткото на починатото девојче, Александар, кој заедно со нив вчера беа донесени во Кривичниот суд.

Како што можеа да забележат камерите на медиумите, тие беа донесени со лисици на рацете, во специјални комбинезони, со спуштени и избричени глави. Во кривичниот суд беа донесени со силна полициска придружба и на сите четворица им е одреден триесетдневен притвор од судија на претходна постапка, по што беа вратени во Шутка.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи

Меѓу нив беше и таткото на починатото девојче, Александар, кој исто така беше во затворски комбинезон и со избричена глава.

Директорот на затворот Шутка, Филип Андов, во изјава за „Фокус“ откри зошто на осомничените им биле избричени главите.

Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи

Како што истакна тој праксата била за вакви кривични дела да не се толерираат фризури и да се носат затворски комбинезони.

„Не дозволувам фризури за вакви кривични дела. Редот во затворот е носеше комбинезони без обележја“, изјави Андов за „Фокус“.

Инаку, вчера на прес-конференција министерот Оливер Спасовски соопшти дека е уапсен креаторот, планерот и директниот извршител на овие злосторства, Љупчо Палевски Палчо.

Фото: МВР

Првоосомничениот е фатен во Турција, а уапсено е и лице од Струмица кое му помогнало на Палчо да замине од Србија во Турција.

Тој со сомничи дека помогнал на лице што извршило тешко кривично дело за кое е пропишана казна од доживотен затвор.

„Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин, кој ни недостигаше за да кажеме дека сме направиле се, со што сме ги разоткриле овие монструми. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потерница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерална соработка за фаќањето на овој монструм“, изјави Спасовски на прес-конференцијата..

Поврзано

Back to top button