Еве зошто сите зборуваат за ова издание на една од нашите најубави водителка – блесна во сиот свој сјај
Никогаш не изгледала поубаво, времето како да стои за неа
![](/wp-content/uploads/2024/05/enna.jpg)
Блескаше во ова свое издание
Кога нашата водителка Елена ќе се појави во едно вакво издание, нема некој што нема да се сврти по неа, па дури и во Париз.
Не го велиме ова за џабе, а откако и вие ќе ги видите овие фотографии повеќе од сигурни сме дека ќе се согласите со нас.
Да, станува збор за убавата водителка Елена Стојановска-Јанковска која со своите последни фотографии ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, таа е на одмор во Градот на светлината, а со нејзиниот беспрекорен моден избор, но и харизма се надмина себеси.
Фустанот што таа го носеше во оваа пригода ги истакна нејзините убави нозе, а многумина мислат дека никогаш не била поубава.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Тоа впрочем може да се види и од коментарите што ги доби под ова свое издание, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена комбинацијата ја заокружи со бели „Најк“ патики и суптилна шминка со која само ги истакна своите убави црти, а нејзината преубава црна коса беше пуштена ноншалантно преку рамениците.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Покрај ова свое издание Елена покажа уште неколку комбинации со кои што уживаше низ улиците на Париз, а сите тие само дополнително ги поттикнаа нејзините следбеници за и напишат комплименти.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
„Времето запрело за тебе!“, „Повеќе припаѓаш таму“, „Убавина за очи“, „Разгледница Ели, преубава си“, беа само некои од нив.
Погледнете ги и останатите фотографии…