Еве зошто половина Њујорк се вртеше по сопругата на премиерот КОВАЧЕВСКИ! Елена во издание за кое сите зборуваат (фото)

Изгледаше прекрасно!

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Елена Ковачевска, шармантната сопругата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, блескаше во креацијата на познатата македонска дизајнерка.

Елена која за прв пат протоколарно се појави во јавноста беше во придружба на премиерот на Генералното собрание на Обединетите нации.

Таа присуствуваше на приемот што го организираше првата дама на Турција, Емине Ердоган, и за таа пригода носеше фустан со потписот на една од најпознатите македонски дизајнерки, Тања Кокев.

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Во прашање е долга креација со разиграна текстура и класичен крој, а кој Елена го носеше со црвен кармин и мали интересни обетки.

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Фустанот беше во впечатлива бургунди нијанса, така што Елена не можеше да помине незабележано на приемот, и едноставно блескаше во комбинација со нејзината кратка руса коса и црните високи потпетици.

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Доколку сакате да изгледате шик и да ги следите трендовите, ваквиот фустан е идеален како за вечерни, така и за дневни пригоди.

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Што се однесува пак до самиот избор на бојата, не треба да заборавите дека токму оваа нијанса е хит веќе неколку сезони, a тоа секако дека важи и за оваа есен.

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Имено, популарната бургунди боја името го добила од еден познат вид на црвено вино, а нејзина најголема предност е во тоа што изгледа добро речиси со сите останати бои. Комбинациите и модните додатоци кои се во оваа боја лесно можат да се комбинираат со останатата облека, без разлика дали носите бургунди боја од глава до пети или ќе „зачините“ со кралска сина, кафеава, тегет, црна…

Фото: Твитер/ Емине Ердоган

Ковачевска носеше црни чевли кои беа полн погодок, а повеќе инспирација како да ја носите оваа боја побарајте во продолжение:

(Visited 13.746 times, 32 visits today)