Еве зошто оваа жена важи за една од најфаталните турски дами – ФАНОВИТЕ се луди по неа, колешките љубоморни!

Прво и го растури бракот на султанката, а сега му ја УНИШТИ и врската на познатиот актер од сериите!

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел

Турската убавица Ханде Ерчел, која нашата публика ја запозна преку сериите „Црн бисер“ и „Чукај на мојата врата“, кариерата започна да ја гради како модел, за да во еден момент од животот реши да заплови во актерските води.

Првата поголема улога ја добива во серијата „Луда училница на факултетот“, а потоа со серијата „Ќерка на сонцето“ се искачи на турското ѕвездено небо меѓу останатите популарни актери и актерки од оваа земја.

Покрај своите импресивни актерски способности, оваа 26 годишна дама плени и со својот несекојдневен шарм и убавина и во приватниот живот. Пред речиси три години медиумите почнаа да пишуваат дека на 33 годишната колешка Мерве Болугур, на која што се сеќаваме како султанката Нурбану од Сулејман Величествениот, и го земала сопругот, пејачот Мурат Далкулич. Ханде наводно ја искористи нивната криза во бракот, а постојат гласини и дека 37 годишниот Мурат се развел од сопругата токму заради неа.

Фото: Принтскрин

Парот минатото лето и есен објави заеднички фотографии на социјалните мрежи, а потоа Ханде наводно одлучи да го остави. Инаку, таа со своите 15 милиони следбеници важи за најпопуларната жена во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблем, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно нема такви проблеми.

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел

Според турските медиуми оваа убавица е виновна за уште една љубовна разделба меѓу познатите во Турција. Имено, на сетот на серијата „Sen Çal Kapimi“ која се снимаше до неодамна, таа го заведе својот 33 годишен колега Карем Бурсин, кој наводно до снимањето на серијата бил во среќна врска.

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел

„Сигурен сум дека тие двајцата имаат афера, тешко некој може да и одолее на Ханде, а таа навистина се потруди да го заведе. Снимаа многу романтични и интимни сцени и се познаваше дека Керем не можеше да и одолее.“

„Дури ја остави и девојката заради неа“, изјави еден член од екипата што работеше на снимањето на серијата, пренесуваат турските медиуми.

Се обидувам да бидам привлечна и наивна во исто време бидејќи мислам дека тоа е рецептот за совршена жена. Секако, тоа мора да се дозира на совршен начин и да се употреби во вистинскиот момент. Привлечна сум кога сакам да заведам некој маж што ми се допаѓа. Тоа секако дека не значи дека морате да се разголите. Постојат многу начини да бидете сексапилни. Па и интелигенцијата е секси, нели“, заклучи своевремено оваа убава актерка.

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел

Актерката никогаш не се огласи што се случило на сетот пред разводот на Мерве и Мурат, но откако се разделија се шушкаше во турските таблоиди дека актерката на крај го оставила пејачот со скршено срце.

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел

Како што може да се дознае, таа е висока 175 сантиметри и моментално е слободна, откако беше во врска и со своите колеги Бурак Сердар Санал и Екин Мерт Дајмаз.

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел

Сака да чита и патува, најдобра пријателка е нејзината сестра Гамзе, а амбасадорка е на брендот L’Oreal Paris за Турција. Има голема желба да работи со големите холивудски ѕвезди Рајан Гослинг и Леонардо Дикаприо.

Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
(Visited 67 times, 1 visits today)