Еве зошто нема да можете да го ТРГНЕТЕ ПОГЛЕДОТ од војвотката – блеска во злато од глава до пети!
Најубавото модно издание на Меган Маркл
Моден деликатес од Меган Маркл
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл се појави на еден настан во Њујорк и со својата појава го украде шоуто.
Ова беше нејзино прво појавување од официјалното крунисување на кралот Чарлс на кое што не присуствуваше.
Во прашање е настанот „Жени со визија“ на кој поранешната актерка се појави со сопругот принцот Хари и мајката Дорија Рагленд.
Војвотката за оваа пригода избра златна комбинација од глава до пети со која никого не остави рамнодушен.
Во прашање е фустан од познатата колумбиска дизајнерка Џоана Ортиз која што ја обожаваат познатите дами од целиот свет.
Нејзините фустани зрачат со женственост и сексапил, а моделот што го избра Меган се продава по цена од 1850 долари.
Таа го носеше со златна плико чанта „Инсигнија“ од модната куќа „Каролина Херера“ за која војвотката издвоила 1100 долари, како и сандали од „Том Форд“ од „само“ 1350 долари. Но ако го додадеме и нејзиниот луксузен накит од кој само едната нараквица – „Cartier Love Bracelet“ – чини 7350 долари, како и дијамантската нараквица што ја наследи од покојната Дијана, потоа обетките кои се исто така со потпис на еден од најпознатите дизајнерски брендови – J.Crew – , ќе дојдеме до сума многу од 15.000 долари што Меган ја потрошила за ова свое издание со кое се прошета низ Њујорк.
Инаку, Меган на овој настан кој се одржува со цел да се зголеми свесноста за феминизмот доби награда од организаторите.
Но на Твитер таа беше обвинета дека ја „купила“ наградата, односно ја добила со својата висока донација за настанот.
Во продолжение погледнете уште неколку фустани од познатата колумбиска дизајнерка Џоана Ортиз:
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз
Џоана Ортиз