Еве зошто на овој фустан не може да му одолее ниту една дама

Фустан на кој не можат да му одолеат славните дами

Позната актерка Скарлет Јохансон на гостувањето кај Елен Деџенерес се појави во фустанот кој го обожаваат многу познати дами. Во прашање е креација од британската дизајнерка Алесандра Рич со интересен дезен со бели точки во кој ѕвездата на Марвеловите филмови изгледа неодоливо.

Фото: Принтскрин

На гостувањето кај познатата водителка Скарлет се појави во фустанот со точки за кој треба да издвоите околу 2000 евра.

ADVERTISEMENT

Но и покрај превисоката цена, во интересни верзии на овој фустан досега можевме да видиме и бројни други дами.

Меѓу нив секако ќе ја издвоиме една од омилените модни икони на Британците, Кејт Мидлтон, но и првата ќерка на Америка, Иванка Трамп, потоа Кристи Бринкли, Сара Џесика Паркер како и Абигел Спенсер која во него се појави на кралската венчавка на Меган Маркл и принцот Хари во дворецот Виндзор.

Инаку, интересна е и историјата за овој фустан.

Моделот е инспириран од познатата фотографија на Алфред Ајнштед од 1945 година на која морнар се бакнува со непозната жена на Тајмс Сквер. Истиот своевремено имаше војска од обожавателки, а и денес конзервативниот крој со средна должина, јака и впечатливи копчиња е вистински хит меѓу трендсетерките од целиот свет.

„Жените што ги носат моите фустани имаат контрола, тие се облекуваат за себе. Моја инспирација се жените кои секојдневно ги гледам во вистинскиот живот, но и замислени жени. Мислам дека секој од нас има некоја замислена жена во својата потсвест. Секогаш со себе носам бележник да можам да нацртам скица каде и да се наоѓам“, вели една од омилените дизајнерки на војвотката од Кембриџ, легендарната Алесандра Рич.

Facebook Comments
(Visited 172 times, 1 visits today)
Loading...