Еве зошто моделите на оваа млада дама се нешто најубаво креирано во Македонија – модна приказна што ќе ве остави без здив!

Ирина Тошева за својата нова колекција се инспирираше од богатото културно наследство на нашата земја.

Фото: Промо / Ирина Тошева

Нашата позната дизајнерка Ирина Тошева пред самит крај на летото ја претстави својата нова модна колекција.

Од едиторијалот можеме да видиме секое парче има некоја своја историја, без разлика дали е во прашање фустан или панталони, и на еден мистичен начин го поврзува минатото со сегашноста, што беше и основната инспирација на Тошева за нејзината колекција. Но она што можеби е најинтересно во нејзината приказна е тоа што, во соработка со Трибенкс, за секое парче купено облека од колекцијата „Муур“ ќе се засади дрво кое ќе биде именувано според купувачот.

Фото: Промо / Ирина Тошева

Низ целата колекција се провлекуваат еколошки материјали во природни тонови, како што се рустичниот памучен жакард, конопот и јутата, проткаени со природна свила, муслин од органски коноп и лен со European Flax® сертификат. Моделите освојуваат со својот рустикален, бохо стил проткаен со елегантна, женствена естетика, а на колекцијата посебен печат и дава и тоа што Тошева за прв пат работи со макраме – древна техника на рачно врзување јазли.

Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева

„Колекцијата потекнува од место на прагматизам, со ограничените ресурси што ги имавме на располагање, а во суштина, токму ограничувањата ни дадоа поостар фокус во сите аспекти. Видеото и едиторијалот се снимени на две монументални, но по малку заборавени локации во градот. Ги одбрав скопскиот Аквадукт и тврдината Кале со цел да се разбуди колективната свест за зачувување на нашето културно-историско наследство“ – вели дизајнерката.

Моделите може да се погледнат и нарачаат на веб страницата на Ирина Тошева каде може да е закаже и термин за во нејзиното ателје.

Надја Миланова е главното лице во кампањата, додека на промотивното видео работеа режисерката Ана Алексовска и Владимир Димоски како директор на фотографија. Двоецот асистенти на камера го сочинуваа Марјан Петковски и Антонио Станков, а Искра Младеновска асистираше на сетот. Автори музичката тема за видеото се „Katerinha“, македонска артистка која живее и работи во Берлин, заедно со продуцентот Антоние Весковски. Визуелниот идентитет на кампањата е со потписот на фотографката Александра Костадиновска, а графичкиот дизајн е на Кристина Манчева.

Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
Фото: Промо / Ирина Тошева
(Visited 227 times, 1 visits today)