На социјалните мрежи се појавија фотографии од кои можеме да видиме дека познатите комбинација на Меланија всушност се модифицирани копии на комбинациите на најдобро облечените познати дами.
Имено 48 годишната Меланија често се инспирира од нејзините модни идоли меѓу кои се наоѓаат најголемите стилски икони. На социјалните мрежи се појавија фотографии од кои можеме да забележиме како Меланија ги модифицира комбинациите на познатите дами, а меѓу нив многу пати инспирација има пронајдено и од легендарната Џеки Кенеди.
https://www.instagram.com/p/BjQNHL4gwGc/?utm_source=ig_embed
Елегантните здолништа и костими со шешири и ракавици се нешто по што засекогаш ќе ја памтиме оваа прва дама, а еднобојните комплети во кои не ретко се појавува Меланија, неодоливо потсетуваат на стилот на Џеки.
https://www.instagram.com/p/BlP1ZYohWAa/?utm_source=ig_embed
Покрај Џеки, Меланија инспирација има побарано и од стилот на принцезата Дајана, а тоа важи и за нејзиниот жолт фустан кој речиси е идентичен со оној на принцезата Дајана со кој заблеска во 1987 година на филмскиот фестивал во Кан. Покрај овие две дами, Меланија понекогаш потсетува и на холивудската икона Мерилин Монро која беше позната по нејзините атрактивни фустани со кои го истакнуваше своето тело. Но во слободното време оваа русокоса дама сакаше опуштена облека, па во јавноста се појави фотографија на која носи тренди бели панталони и розова маица, а Меланија ова издание го позајми од глава до пети.
https://www.instagram.com/p/BlAsLgihcUH/?utm_source=ig_embed