Еве зошто Кејт Мидлтон им е омилена – идната кралица во обични хеланки и чизми стари 16 години

По кој знае кој пат Кејт се прошета во истите чизми

Ова не само што не ни е прв пат да пишуваме за овие чизми, туку идната кралица истите ги носи дури 16 години!

ADVERTISEMENT

Да, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја посети познатата фарма во Северна Ирска „The Ark Open Farm“ и за оваа пригода ги носеше познатите кафеави кожени чизми.

Во прашање се рачно правени чизми со потписот на британската дизајнерка Пенелопе Чилверс со цена од 450 фунти за кои Кејт покажа дека се безвременски.

Таа повторно ги воодушеви сите како со својата скромност, така и со својот изглед, но и со тоа што знае да избере квалитетна облека и обувки, и потоа да ги носи во различни пригоди, како и секоја жена на овој свет.

Покрај старите удобни чизми идната кралица носеше и обични црни хеланки и едноставна јакна под која се гледаше ролка во небесносина боја (сликата горе).

Покрај тоа што убавата војвотка е позната по тоа што постојано ја „рециклира“ облеката, таа е штедлива и кога е накитот во прашање – без проблем носи парчиња кои се со просечна цена каков што носеше и овој пат.

Facebook Comments
(Visited 212 times, 1 visits today)
Loading...