Ева Лонгорија во феноменален фустан и неверојатно шик сандали со високи потпетици

Ева Лонгорија се појави на „Global Gift Foundation“ на Беверли Хилс во издание со кое ги воодушеви сите присутни.

Како почесна претставничка и домаќинка на настанот познатата актерка позираше на црвениот килим со широка насмевка на лицето, облечена во крем фустан со средна должина и црно-бел ремен околу половината. Креацијата е без ракави и струкирана во горниот дел, додека долниот е лежерен, а целото издание го заокружи со „опасни“ високи потпетици кои благодарение на еден детаљ ги збунија сите.

ADVERTISEMENT

Имено, сандалите на себе имаа комбинација од црна, црвена и крем нијанса, а поради црвената боја на високите потпетици изгледаа како споени со црвениот килим додека убавата актерка позираше пред фотографите.

Текстурата од која се направени потпетиците дополнително допринесуваат тие да „исчезнат“ додека ги гледате фотографиите, но ако погледнете подобро ќе видите дека во прашање е модел кој совршено и стлои и кој секоја дама би сакала да го има во плакарите.

Дали ви се допаѓа ова издание на Ева?

Facebook Comments
(Visited 80 times, 1 visits today)