ДРАМА на Божик во домот на Јелена и Душко: Расправијата ЗАПОЧНАЛА ОД ГРОБИШТАТА, а ДОМА ЕСКАЛИРАЛО СО ТЕПАЧКА – Еве што навистина се СЛУЧУВАЛО на Дедиње!

Вистинска драма во семејството Тошиќ!

Јелена Карлеуша го пријави својот сопуг Душан Тошиќ за семејно насилство на најрадосниот празник – Божиќ, па по пријавата на познатиот фудбалер му е изречена забрана за доближување од 48 часа.
Имено, во нивниот семеен дом на Дедиње се случила вистинска драма, а свечениот ручек наместо дома заврши во полициската станица.

Денот на Јелена Карлеуша и започнал од гробиштата во Белград каде е погребана нејзината мајка Дивна. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од таму.
Денот е продолжен во семејниот дом на Дедиње, празничниот ручек на кои биле и семејството на Душан, но и на Јелена. Што била причината за бурната расправија се уште не е познато, но се знае дека Јелена околу 12:20 часот повикала полиција и го пријавила Душко дека ја тепал.

Во нивниот семеен дом веднаш пристигнала полиција која воспоставила дека Тошиќ прво ја плукнал Јелена, а потоа и удрил шлаканица, што има и исекотина на лицето.
Дека имало напад потрвдиле и два сведоци, членови на семејствотот, братучедот на Јелена Марко и нејзината тетка Даниела, сестра на мајката на Јелена.

Поради сериозноста на случаот полицијата инсистриала Јелена и Душко да одат во полиција за да дадат изјава, но пејачката низ солзи одбила.
Дежурниот полицаец најавил дека ќе направи разговор со пријавениот Душко Тошиќ и сведоците кои присуствувале на насилството, па подоцна ќе вршат проценка на ризикот за евентуалното насилство.

Во полициската станица најпрво дошол адвокатот на Душко, Небојша Перовиќ, адвокатот веднаш излезе со изјава дека неговиот клинет не е виновен.
– Никакво насилство немало, не постои елемент на насилство. Сите кои го знаат Душан знааат дека тој е семеен човек и угледен спортист, рекол адвокатот.

На прашањето дали навистина и удрил шлаканица, тој одговори дека „доволно се кажал“ и дека нема друго што да коментира.
– Немаме право да зборуваме за деталите на постапката. Не би давале детали на таа тема, рекол адвокатот ан фудбалерот.

По адвокатот на Душко Тоѓиќ во полиција дошол и првиот сведок, братучедот на Јелена Марко кој присуствувал на наводната расправија.
Марко прв ја напушти полициската станица по сослушувањето, а по него дошла и тетката Даниела.

Фудбалерот е шо-киран поради изјавите на Јелена Карлеуша
Тошиќ пристигнал во станицата подоцна, и изјавил дека бил шокиран поради пријавата на сопругата.

– Не ја удрив Јелена, не ја ни допрев, единствено што е вистина дека имаше расправија. Долго сме во брак, а јас сум посветен маж и татко.
Најтешко ми паѓа што наместо денес да сум со децата во својата куќа за овој убав празник, јас сум во станица поради пријава на сопругата. Шокиран сум што ми се случува, не мжам да сфатам што ме снашло, рекол Тошиќ на инспекторите.
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм