CelebrityMAMAКафе муабет

Драги дами, денеска е 8. март: Празник кој е многу повеќе од букет цвеќе, еве зошто се слави

Advertisement

Денеска се празнува Меѓународниот ден на жените познат како Осми март, празник посветен на жените. Настанал како сеќавање на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените.

Празникот на жените е утврден на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки на 8. март 1910 година во Копенхаген, на иницијатива на Клара Цеткин, водач на германските социјалисти и женското работничко движење да се воведе ден на сеќавање на демонстрациите на американските работнички во Чикаго во 1909 година и њујоршкиот марш со повеќе од 15.000 жени, кои побараа пократко работно време, подобра плата и право на глас.

Advertisement

Многу пред тоа, првите јавни демонстрации на жени вработени во индустријата се случиле на 8.март во 1857 година. Полицијата ги растерала, но жените два месеци подоцна основале синдикат и благодарени на нивната работа, протестите на 8 март станале традиција.

Првото одбележување на празникот било на 8. март 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и Данска.

Сепак, политичкото значење со тек на време се изгуби и Денот на жените повеќе не е празник за социјална правда и еднакви шанси за мажите и жените, туку е главно банализиран и претворен во типичен празник на масовната култура и потрошувачка.

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button