Добра вест од Италија: Дедо на 101 година го победи коронавирусот, пензионерот од Римини веќе си замина дома

Еден од најстарите пациенти заразени од коронавирусот, маж на возраст од 101 година од италијанскиот град Римини се опорави од тој вирус, објавија денеска италијанските медиуми после низата извештаи за високата стапка на смртност од овој вирус меѓу постарата популација.

Информацијата за опоравувањето на 101 – годишниот старец од коронавирусот ја пренесе заменичката градоначалник на Римини Глориа Лиси велејќи дека „господин П. успеа“, и дека синоќа ја напуштил болницата во Римини и заминал кај своето семејство.

Во Италија, каде од коронавирусот се заразени повеќе од 60.000 луѓе, се очекува оваа недела да биде клучна за резултатите од строгите мерки кои ги презеде владата на таа земја.

Facebook Comments
(Visited 131 times, 1 visits today)
Loading...