Добија и трето дете – оваа убавица му е сопруга на Бујар Османи

Министерот за надворешни работи соопшти прекрасни вести, па веднаш почнаа да пристигаат честитки.
Османи и неговата сакана добија трето дете.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
Освен што е политичар, тој е подеднакво успешен и во една друга професија.
Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година. Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија. Но, никогаш не се откажал од својата примарна докторска професија.
Приватно е семеен човек, сопруг и татко.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
Неговата сопруга Валбона е една од најубавите сопруги на политичари во нашата земја.
Валбона не сака многу да се експонира во јавност, а по професија е дипломиран политиколог.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
Пред да стапат во брак тие биле една година во врска.
Бујар и Валбона се родители на 3 деца, ќерката Елиза, синот Мали и третиот син Луан кој го добија денеска.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
Прекрасните вести Османи ги соопшти на социјалните мрежи:
„Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме доаѓањето на нашето трето дете Луан. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство. Раѓањето ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам. Со топли поздрави”, напиша Османи на Фејсбук.