Директорката на Инфективна клиника проговори за Индискиот сој – ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ предупредуваат на претпазливост

Бројката на новозаболени со коронавирусот секојдневно опаѓа, но сепак прерано е да се опуштаме.

Иако бројот на новозаболени е драстично намален, сепак загрижува фактот дека и во Македонија е регистриран индискиот сој на коронавирусот кој се смета за позаразен од останатите соеви на овој опасен вирус.

Во последните неколку дена на ковид-клиниките хосптализирани се помал број на пациенти, но Инфективната клиника целосно се чисти и дезинфицира. Во интерви за „ТВ Сител“ директорката на Инфективната клиникаво Скопје, Милена Стевановиќ вели дека пандемијата не завршила.

– Не смееме да се опуштиме и да мислиме дека пандемијата завршила комплетно. Ние сме отворена земја, следуваат и годишни одмори, што значи многу поголемо движење и токму поради тоа мораме да бидеме сериозно претпазливи, пред сè за своето лично здравје.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Веројатно и нови соеви ќе следиме и во иднина, но какви ќе бидат не можеме да предвидиме, но поради тоа мораме да бидеме комплетно подготвевени, апелираше Стевановиќ.

Вели дека новиот Индиски сој многу полесно се шири и има потешка клиничка слика, но најзначајно е дека третманот, заштитата, превенцијата од вирусот и од овој сој на Ковид-19 ни се разликува.

Стевановиќ апелира да се придржуваме до заштитните мерки и вели дека посакува мирно лето.

– Јас посакувам мирно лето, но навистина морам да бидам многу предострожна и навистина да не се надевам повеќе од она што објективно треба. Не смееме да внесуваме па-ника и немир кај граѓаните, но одговорноста мора да постои кај секој еден од нас.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

И светските епидемиолози се согласни дека Индискиот сој на коронавирусот не смее да се потценува.

Се верува дека индискиот сој на коронавирусот се пренесува 60 проценти побрзо од британскиот изјави денеска истакнатиот британски епидемиолог Нил Фергусон.

Тој рече дека следната зима, третиот бран од пандемијата може да се совпадне со вториот бран во Велика Британија.

Засега, не е јасно колку добро ва-кцината штити од варијантата Делта или индискиот сој, вели експертот.

„Сосема е можно да доживееме трет бран што може да се спореди со бројот на хоспитализации“, рече Фергусон, додавајќи дека смета дека cpтнocта во тој случај веројатно ќе биде помала, со оглед на тоа што вакцините штитат.

Тој, сепак, забележува дека сето ова може да биде доста загрижувачко и дека има голема неизвесност.

(Visited 135 times, 1 visits today)