Дете, што правиш? Фрли го тоа од твоите раце! “Еј, па јас имам 36 години…“

Фотографијата од Турција каде што еден навивач пуши цигара за време на натпревар стана вистински хит.

Фото: Твитер

ADVERTISEMENT

Особено затоа што лицето што ја држи цигарата во рака не изгледа постаро од 10 години. Навивачот беше снимен на победата на Бурсаспор против Фенербахче со 2: 1 во пријателски натпревар чиј приход беше како донација за организации што се борат за лекување на леукемија и аутизам.

Навивачот носеше дрес во Бурса и клубски шал околу вратот, и уживаше додека го влечеше димот од цигарата. Оваа гледка од 10-годишниот пушач ги згрози фановите ширум светот. Но, набрзо во приказната за Вести 1, се потврди дека ова дете е 36-годишник.

Фото: Твитер

Момчето што седи до него, наводно, е неговиот син. Иако на сите гледачи им олесна дека оваа нездрава навика не ја прави мало момче, навивачот сепак би можел да се најде во неволја затоа што пушењето е забрането на стадионите во Турција. А, за прекршокот ќе треба да плати 15 €.

Facebook Comments
(Visited 271 times, 1 visits today)