Детенце си купило пуканки и заборавило да го земе кусурот – старата продавачка не може да спие, со денови го бара да му ги врати парите

Момче од 6 или 7 години си купило пуканки од 70 динари. Дал 200 и си заминало и го заборавило својот кусур.

Но Бранка Маринковиќ од Смедерево и нејзиниот сопруг со она што го направија не уверија дека добрината и човечноста се уште постои меѓу луѓето, но и дека во животот мораме да бидеме чесни и да се почитуваме. И само така ќе имаме мирен и спокоен живот, полн со љубов и убави спомени..

ADVERTISEMENT

Имено овој брачен пар веќе со години продава пуканки во центарот на Смедерево. Тие во саботата попладне имале свој мал муштерија, момче кое е старо околу 6 или 7 години и кое дошло само да купи пуканки.

Но како што раскажа Бранка за српскиот Телеграф тој побарал пуканки од 70 денари во кесе со нинџа желки, за кои дал 200 динари. И додека нејзиниот сопруг да извади пари и да му го врати кусурот, момчето си заминало.

Тој веднаш излегол од трафиката и го побарал момчето, но бидејќи во тој момент имало гужва на плоштадот не успеал да го најде и да му ги врати парите.

Сопругот ги оставил парите на страна и се надевал дека можеби родителите на момчето ќе дојдат по нив, но никој не дошол. Тогаш бабичката се сетила на Фејсбук група во која има голем број луѓе од нејзиниот град, па објавила статус дека го бара момчето да му ги вратат парите.

Се надевала дека некој ќе се јави, но досега никој се нема јавено да ги земе парите.

„Некако ме ‘чешаат’ тие пари, не се наши, без разлика што се 130 динари, се надеваме дека родителите ќе се јават“, вели Бранка за „Телеграф“.

Фото: Бранка Маринковиќ/ Приванта архива

Таа додава дека многу пати ќе и дојдат деца кои ќе и побараат на „лер“ кои секако дека не може да ги одбие. Но и дека ова не е прв пат некој да го заборави кусурот. А тоа и е најтешко бидејќи не знае што да прави со туѓите пари.

И да, навистина, можеби парите не се големи, но примерот на оваа жена не учи на нешто големо, а тоа е дека во животот мора да се биде добар и чесен. И дека никогаш не смееме да заборавиме да бидеме луѓе. Но и дека ваквите луѓе се навистина ретки, и дека треба добро да размислиме зошто е тоа така? Каде погрешивме и како да бидеме подобри? Па можеби ако го следиме примерот на ваквите луѓе…

Извор: Телеграф.рс
Facebook Comments
(Visited 463 times, 7 visits today)
Loading...