Две близначки заробени во едно тело – едната има момче, другата е незаинтересирана за врска, па се шегува на нивна сметка
Две сестри близначки со едно тело…
Кога се родиле во 2002 година, докторите очекувале дека ќе живеат само неколку дена. Не можеле да ги разделат бидејќи тоа би довело до нивна смрт или ќе останеле инвалиди засекогаш, па затоа одлучиле да останат заедно и да се прилагодат на заедничкиот живот …
Кармен и Лупита Андраде се сестри сијамски близначки родени во Мексико во 2002 година.
Тие одговараа на прашања на јутјуб.
Тие зборуваа отворено а нивните хобија и образование, како и за непристојните коментари што ги добиваат.
Тие живеат во Конектикат од свои две години, а се залепени од градниот кош до карлицата каде им се споени ‘рбетите. Имаат две раце, но само по една нога, со што Кармен ја контролира десната нога, а Лупита левата.
Кога се родиле во 2002 година, докторите очекувале дека ќе живеат само неколку дена.
Не можеле да ги разделат бидејќи тоа би довело до нивна смрт или ќе останеле инвалиди засекогаш, па затоа одлучиле да останат заедно и да се прилагодат на заедничкиот живот – вклучувајќи го и тоа како да се однесуваат и кога едната од нив, Кармен (десно), има момче.
Како што вели Кармен, таа со своето момче излегува веќе година и пол, но не сакаше да го соопшти неговото име.
Тие се запознале преку една апликација за запознавање, каде што Кармен уште од самиот почеток била транспарентна за својата состојба.
Од друга страна, нејзината близначка Лупита, потполно поинаку ја доживува нејзината врска. Таа и се потсмевала на својата сестра за време на нејзините состаноци со момчето, па Кармен во шега вели за неа дека е лоша, додека Лупита додава дека се смеела и на самата себеси.
Кармен вели дека не размислува за брак, но не само заради тоа што има само 21 година, туку и затоа што повеќе реферира врска.
Тие самите себеси не се доживуваат како лица со инвалидитет, а како мали со години поминале во болници за да научат како да функционираат заедно.
Првпат проодиле кога имале четири години, а како што самите велат, и кога би можеле да ги раздвојат, тие не го сакаат тоа, бидејќи не сакаат да се на пола.
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
Фото: Инстаграм/ Кармен и Лупита Андраде
.