Даниел Кајмакоски го живее својот сон заедно со својата 13 години помлада сопруга – погледнете како му се радуваат на малиот Давид
Даниел Кајмакоски се прослави со победата во музичкиот натпревар Икс фактор во 2014 година по што започна да ја гради својата кариера
Тој по оваа победа одржа неколку концерти во целиот регион, снимаше неколку песни од кои позначајна му е онаа што ја направи во дует со Жељко Јоксимовиќ кој му беше ментор за време на самото натпреварување во шоуто, а една година подоцна ја престави наѓата земја на Евросонг.
Тој потоа триумфираше во уште едно шоу, Твоето лице звучи познато, се појави во третата сезона и беше одличен.
Но во последно време многу ретко е присутен во медиумите, особено од февруари минатата година кога до доби синот Давид со атрактивната манекенка Кристина Димитриевска која е цели 13 години помлада од него.
Денес Кристина и нивниот син Давид се центарот на неговиот свет и тој максимално им е посветен кога не е на сцената или во своето студио. Дека тоа е така можеме да го видиме и од неговите фотографии на социјалните мрежи на кои од прв поглед може да се забележи дека е грижлив татко и дека ка во прв план секогаш му е неговиот семеен живот.