А сега време е за нешто што ќе им се допадне дури и на оние што не сакаат десерти
Лето. Топло време, седите на балконот, сама или во друштво и се прашувате што да правите. Па наместо да ја пратите вашата посилна половина да оди во продавница и да купи пиво, надевајќи дека на тапата ќе пишува дека сте добиле уште едно гратис, ние ве советуваме да направите нешто што е многу повкусно, но и многу по „фенси“. Еве на пример што велите за еден замрзнат џин тоник сорбе?
https://www.instagram.com/p/BkK_IEbAKyR/?utm_source=ig_embed
Имено ова лето познатиот бренд „Sainsbury’s“ лансираше нов производ со кој ги воодушеви потрошувачите. Во прашање е сорбе со вкус на џин тоник, совршен за летниот период и кој може да се порача преку интернет за цена од околу 120 денари. Десертот содржи 4 отсто џин и лимета за освежителен, но лсжерен вкус. Можете да го порачате од официјалната страна на брендот или доколку живеете во странство можете да го пронајдете и во поголемите маркети.
https://www.instagram.com/p/BkA29tYg7wy/?tagged=ginandtonicsorbet
Но не заборавајте да понесете и лична карта бидејќи овој десерт содржи алкохол. И токму затоа им се допаѓа дури и на оние што не сакаат десерти и речиси никогаш или многу ретко пијат џин тоник. Но бидејќи станува збор за сорбе – вкусен летен десерт направен од овошје и вода, без млечни производи, задоволството ќе биде само ваше!
https://www.instagram.com/p/Bks3ix_DUiM/?tagged=ginandtonicsorbet
Инаку, овој десерт содржи 66 калории што е отприлика за пет пати помалку од едно шише пиво.