Поради една изјава на Аца Лукс во последното интервју многумина се прашуваа како Марија Шерифовиќ ќе реагира на неговите зборови.

Имено, на прашањето да ја прокоментира изјавата на Катерина Остојиќ – Каја дека е суетна дека некој подобро пее од неа, пејачот озговори:
– Можеби Каја не се изрази добро, но тоа е жива вистина, секој сака да биде најдобар. Каја е една од двете најдобри пејачки во земјава, таа и Александра Радович убивaaт како пејат.

Откако новинарот на свет.рс потсети на Марија Шерифовиќ, неговата некогашна колешка од музичкото талент шоу.
– И таа пее добро, но не е како нив две. Лично ми се допаѓаат повеќе овие две, тие би биле светски ѕвезди да се родени на друго место како и јас. Но јас сакам што сум се родил овде. Можеби тамиу би бил несреќен, можеби би уmрел како Мајкл Џексон, кој знае.

Аца Лукас познат е по тоа дека нема влакно на јазик, па тој неодамна распали и по неговата колшека Кија Коцкар.
Пејачот Аца Лукас призна дека би сакал да напише книга за неговиот живот, но дека нема доволно време за тоа. Кога дозна дека најпродавана е автобиографијата на Кија Коцкар на Саемот на книгата во 2018 година, тој се изненади.

– Добро пишувам, но немам време. Вања Булиќ е единствената личност на која би можел да и го оставам, бидејќи не знам дали би било добро да го пренесам мојот израз директно.
Секој има право да пишува, но не разбирам кога го прават тоа по еден и пол хитови или два албума. Некои пишуваа и по тие задруги – истакна пејачот за „Свет“ и откри што мисли за фактот дека во 2018 година, најпродаваната автобиографија на Саемот на книгата беше на Кија Коцкар.

– Колку тажен саем ако е така. Се шегуваш со мене? На Саемот на книгата? Што е со светските писатели, класици? Добро е што не одам на Саемот на книгата, сите книги што требаше да ги прочитам, веќе ги прочитав и добро е што не ги читам овие нови. О, дај Боже да ме спаси, што вели таа нејзина книга? Дали станува збор за нејзиниот живот? – вели пејачот и додаде:

– Значи, брзо се чита. Колку, две или три страни? Колку страници можат да имаат книгата на една личност што се појави пред една или две години? Па, Добрица Ќосиќ и Иво Андриќ се превртуваат во гробот – критикува Аца Лукас.







