Групата Фанки Џи згасна, па повторно се состави – еве како денес изгледа пејачката која била покрај Гаги откако си замина Анабела

Фанки Џи беше една од најпопуларните музички групи во 90-тите, згасна кога Гаги Џогани и Анабела тогаш Џогани, а сега Атијас одлучија да стават точка на нивниот брак, таа ја напушти групата и започна соло кариера.
Во 2009 година на местото на Анабела дојде сексипилната Марина Узелак која со Гаги веќе во 2010година ја сними песната „Арогантна кралица“ и „Пали анџео“. За кратко време Марина ги доби сите симпатии од публиката.
Соработката не им траеше долго, последна песна беше „Пали анџео“.
По разделбата со групата Џогани Марина продолжила со своите настапи по белградските клубови со Саша Ковачевиќ.
Таа и денеска изгледа прекрасно, Марина е горда мајка на својот 16-годишен син.
За потсетување, во 2016 година Анабела и Гаги репија повторно да запеет како некогаш и тоа благодарение на еден сопственик на ноќен клуб, кој им испратил заедничка покана, а тие со воодушевување ја прифатиле.
Еве што изјавија Анабела и Гаги Џогани
-Луна, нашето прво чедо, е дефинитивно виновникот што ние двајцата еден кон друг секогаш ќе бидеме коректни. Изненадена сум што има толку интерес околу обновувањето на „Фанки Џи“. Не би било добро да ја изневериме публиката, изјави Анабела.
-Луѓето очекуваа некогаш во иднина да бидеме повторно заедно во групата, се зборуваше за тоа и еве дојде време повторно да бидеме заедно. Мислам во група, изјави Гаги