Гранд ѕвезда боледува од коронавирус? Фановите загрижени за неговата здравствена состојба
Харис Скареп кој на сите им е познат од натпреварот Ѕвездите на Гранд имаше настап во Германија, а кога се врати беше малаксан и имаше температура.
Тој веднаш направи испитување, а резултатите покажаа дека не е заразен од коронавирус и дека нема потреба да биде загрижен. Тој за Информер изјави дека претпоставувал дека не е заразен со овој вирус, но сепак ги послушал советите од докторот и ја испитал крвта.
Резултатите што ги добив недвосмислено покажуваат дека сум здрав. Многу работев во претходните месеци па ми падна имунитетот, а некаде и опасно настинав. Само тоа е во прашање, изјави ?Харис за Информер.
Пејачот пред неколку дена се врати од Германија каде имаше неколку настапи. Заради слабиот имунитет, почувствува малаксаност, а потоа доби и температура. Беше тестиран на коронавирус, а откако му беа соопштени резултатите, реши да им се врати на своите секојдневни обврски.